Македонските тенисерки имаат недостижно водство против ЈАР
- Македонската женска тениска репрезентација води со 2:0 на дуелот со Јужна Африка во БЏК купот.

Ларнака, 7 април 2025 (МИА) – Македонската женска тениска репрезентација води со 2:0 на дуелот со Јужна Африка во БЏК купот.
Македонија поведе со 1:0, откако Магдалена Стоилковска ја победи Дона ле Ру со 6:3 и 6:0 за 40 минути.
Во вториот синг меч претпладнево Лина Ѓорческа ја совлада Мари Луи Ван Зил 6:2 и 6:1 за еден час игра
За мечот во двојки за Македонија ќе настапат Ана Митевска и Јана Божиновска.
На вториот меч од Ц-групата во БЏК купот, Норвешка исто така води со 2:0 против Косово. И таму треба да се игра меч во двојки.
Норвежанките ќе бидат противнички на македонските тенисерки на утрешната пресметка во 2. коло од турнирот во Ларнака. зс/
Фото: ТФМ