Македонските тенисерки загубија од Норвешка
- Пораз на македонската женска репрезентација од 2:1 од Норвешка во мечот од 2. коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар.

Ларнака, 8 април 2025 (МИА) - Пораз на македонската женска репрезентација од 2:1 од Норвешка во мечот од 2. коло од Ц групата на Били Џин Кинг купот што се игра во Ларнака, Кипар.
По двата сингл меча резултатот беше нерешен 1:1, па така победникот во овој меч се решаваше во играта во двојки.
Македонскиот дубл добро го почна мечот и имаше водство од 4:1 во гемови, но потоа ривалките направија серија од пет гема и го добија првиот сет 6:4 во гемвои што значеше водство од 1-0 во сетови. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска „се вратија“ во мечот и изедначија на 1-1 во сетови откако вториот сет го добија на убедлив начин со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Улрике Еикери и Малене Хелго од Норвешка поведоа со 4:1 на поени и предноста ја одржуваа искористувајќи ја втората меч топка и решавачкиот сет го добија со 10:5 на поени.
Претходо во првиот сингл меч Еикери ја совлада Стоилковска со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2)и Норвешка поведе со 1:0, а Ѓорческа изедначи на 1-1 откако го доби мечот со Хелго со убедливи 2-0 во сетови (6:0 и 6:2).
Утре во мечот од третото коло Македонија ќе игра против Косово. зс/
Фото:МТФ