• четврток, 26 декември 2024

Македонските тенисери ќе се натпреваруваат на Дејвис куп турнир во Улцињ

Македонските тенисери ќе се натпреваруваат на Дејвис куп турнир во Улцињ
Скопје, 21 јуни 2022 (МИА) - Македонската тениска репрезентација од утре до 25 јуни ќе се натпреварува во Улцињ, Црна Гора на ИТФ Дејвис купот во Европската трета група, Светското екипно првенство за мажи. Во составот на македонскиот тим се: Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски, Стефан Мицов и Берк Бугариќ. - Годинава македонскиот тим е подмладен, и го сочинуваат млади играчи кои имаат голем потенцијал, и огромни можности за напредок. Изминатиов  период напорно работевме, и сметам дека подготвени го дочекуваме овој турнир, изјави капитенот на репрезентацијата Чедомир Јовановски, кој заедно со заменик капитенот Владимир Томиќ работат на подготовка на нашите најдобри тенисери. Македонските тенисери ќе се натпреваруваат со ривали од Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија и Црна Гора. Само три земји имаат можност за плејоф и влез во Втората група, додека две репрезентации ќе испаднат во Четвртата група. зс/

Остани поврзан