Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
- Македонските претставници учесници на Зимските олимписки игри продефилираа на церемонијата на свеченото отворање
Милано, 6.февруари 2026 (МИА) – Македонските претставници учесници на Зимските олимписки игри продефилираа на церемонијата на свеченото отворање. Во Кортина знаменосец беше алпската скијачка Јана Атанасовска, а во Предацо знамето го носеше Ставре Јада.
Покрај овие двајца во македонскиот тим сè уште алпскиот скијач Виктор Петков и Ана Цветановска, која ќе се натпреварува во нордиските дисциплини. Ова е најбројна македонска делегација досега на Зимски олимписки игри.

Свеченото отворање е во тек, а централната манифестација се одржува на стадионот „Сан Сиро“ во Милано. Мн/
Фото: Фејсбук