• вторник, 24 декември 2024

Македонските селекции победнички стартуваа на 45. Олимпијада во шах

Македонските селекции победнички стартуваа на 45. Олимпијада во шах


Будимпешта, 12 септември 2024 (МИА) – Македонските шаховски репрезентации во машка и женска конкуренција си максимални победи го почнаа настапот на 45. шаховска Олимпијада која од средата се одржува во Будимпешта.
Македонските шахисти во воведното коло триумфираа над Того со 4-0, а максимален триумф запишаа и шахистките во дуелот против Танзанија.
Стартните победи за Македонија на машкиот турнир ги забележаа Евгениј Романов, Тони Лазов, Никола Николовски и Емил Ристески, а кај дамите Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска и Сања Трајковска.
Во денешното второ коло, македонските шахисти за противник ја имаат Романија, а шахистките ќе играат против селекцијата на Холандија.
На шаховската Олимпијада во унгарската престолнина настапуваат рекордни 194 репрезентации во машка и 181 селекција во женска конкуренција. ег ФОТО: ШФМ

Остани поврзан