• вторник, 24 декември 2024

Македонските ракометарки со победа над Азербејџан ги почнаа евроквалификациите

Македонските ракометарки со победа над Азербејџан ги почнаа евроквалификациите

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација со убедлив триумф над Азербејџан од 40 -17  стартуваа вечерва во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски беа супериорни на дуелот во Скопје и сите дилеми околу победникот ги решија по првиот дел по кој стекнаа водство од 23-10.

Најефикасни во македонскиот состав беа Саздовска и Седлоски со по седум голови. 

Во рамки на второто коло во квалификациската група 5, македонската репрезентација в недела гостува во Литванија, по што квалификациите ќе ги продолжи во февруари со дуелите на домашен и гостински терен против главниот фаворит во групата Шпанија.

Пласман на ЕУРО2024, чиј домаќини ќе бидат Унгарија, Австрија и Швајцарија, ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации во осумте квалификациски групи, како и четири најдобро третопласирани селекции.

ЕУРО 2024 ќе биде прв континентален турнир на кој ќе настапат 24 репрезентации. ег/ев/

ФОТО: РФМ

Остани поврзан