• петок, 27 декември 2024

Македонските ракометарки денес ќе ги добијат ривалите во групата на ЕП

Македонските ракометарки денес ќе ги добијат ривалите во групата на ЕП
Љубљана, 28 април 2022 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација денес ќе ги дознае противниците за групната фаза на Европското првенство. Ждрепката за ЕП 2022 кое ќе се одржи од 4-20 ноември е закажана за 17 часот во Љубљана. Ќе бидат формирани четири групи со по четири репрезентации, а Ц-групата ќе се игра во Скопје. Пред извлекувањето учесниците на ЕП 2022 чиј домаќини ќе бидат уште и словенечките градови Љубљана и Целје, како и црногорската престолнина Подгорица, се поделени во четири шешири: Прв шешир: Норвешка, Франција, Данска и Полска Втор шешир: Холандија, Црна Гора (Д-група), Унгарија (А-група) и Шведска Трет шешир: Македонија (Ц-група), Словенија (- група), Хрватска и Германија Четврти шешир: Шпанија, Романија, Србија и Швајцарија. зс/

Остани поврзан