• среда, 25 декември 2024

Македонските ракометари со седум голови негатива се враќаат од Фарски острови

Македонските ракометари со седум голови негатива се враќаат од Фарски острови

 

Торшавн, 8 мај 2024 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Торшавн од Фарски острови со 34-27 (18-14) во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со многу осцилации го одиграа првиот дел, дозволувајќи му на домаќинот во воведните 10 минути да стекне предност од плус пет голови (7-2), која Фарски Острови ја зачуваа до крајот на полувремето.

Македонските ракометари во вториот дел на моменти беа во негатива и од осум голови (18-26, 20-28) и ќе имаат тешка задача да ја надоместат разликата на дуелот во Скопје.

Филип Кузмановски со осум голови беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија.

Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.

Домаќини на Светското првенство, 29 по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан