• среда, 25 декември 2024

Македонските ракометари останаа без медал на Медитеранските игри во Алжир

Македонските ракометари останаа без медал на Медитеранските игри во Алжир
Оран, 6 јули 2022 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација не успеа да се закити со бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Попладнево избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од селекцијата на Србија со 34:29. Македонците добро го почнаа натпреварот и веќе во 15. минута имаа водство со 9:6. Следуваа минути на Србите кои најпрво го изедначија резултатот (10:10) во 22. минута, а до крајот на полувремето направија и разлика од два гола (15:13). Како што одминуваа минутите во вториот дел така растеше и предноста на Србите ко во 45. минута имаа плус пет (26:21), а во 50. највисоки плус седум (30:23), доволно за сигурен триумф и 3. место. Во финалето кое ќе почне во 17:30 часот ќе играат Шпанија и Египет. зс/

Остани поврзан