• понеделник, 18 ноември 2024

Македонските ракометари одиграа нерешено со Грција

Македонските ракометари одиграа нерешено со Грција

Солун, 3 ноември (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација ремизираше вечерва против Грција 29-29 (15-12), во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции закажани за денеска и утре во Солун.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров влегоа во натпреварот со серија од 3-0 и го контролираа резултатот во првиот дел. Постојано беа во водство кое достигна највисоки +5 (11-6) во 19 минута, а на полувреме заминаа со предност од 15-12.

Вториот дел донесе неизвесна завршница во која грчките ракометари влегоа во финишот со предност од 29-27, но Филип Кузмановски намали на гол негатива, а на три секунди пред последниот судиски свиреж прецизен беше и Никола Костески за конечни 29-29.

Кумановски и Жарко Пешевски со по пет голови беа најефикасни во македонската репрезентација.

Контролните натпревари во Солун се во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во јануари на кое пласман обезбедија и двете репрезентации. ег/ир

Фото: РФМ

Остани поврзан