• среда, 25 декември 2024

Македонските ракометари испуштија победа на гостувањето кај Чешка

Македонските ракометари испуштија победа на гостувањето кај Чешка
Злин, 13 април 2022 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено 24:24 со Чешка во Злин во првиот натпревар од пресметката за пласман на Светското првенство 2023. „Црвено-жолтите“ и покрај тоа што имаат поволен резултат пред возвратниот меч во Скопје, можат да жалат за испуштената победа, бидејќи на полувреме водеа со 13:10, во еден момент водеа со седум разлика (17:10), во повеќе наврати имаа водство од 4-6 гола. Најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип Талески со пет погодоци, Кирил Лазаров и Гоце Георгиевски дадоа по четири. Реваншот е закажан за в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот. зс/

Остани поврзан