• недела, 06 октомври 2024

Македонските ракометари загубија од Романија во финалето на „Трофеј Карпати“

Македонските ракометари загубија од Романија во финалето на „Трофеј Карпати“

Букурешт, 17 декември 2023 (МИА) - Младинската македонска ракометна репрезентација го освои второто место на „Трофејот Карпати“ во Романија.

Во денешниот натпревар кој одлучуваше за трофејот на турнирот избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ загубија од домашната селекција со 36:32.

Калајџиески со десет погодоци беше најефикасен во нашата селекција, додека Узунчев постигна 8 гола.

Во првите две кола финалистите ги победија Саудиска Арабија и Словачка. зс/

Фото: РФМ

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан