• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонските ракометари ги стартуваа подготовките за СП

Македонските ракометари ги стартуваа подготовките за СП

 

Скопје, 22 декември 2024 (МИА) – По утринскиот собир во Скопје, македонските ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров денеска заминаа за Стара Пазова каде ќе го одработат првиот дел од подготовките за претстојното Светско првенство.

Според програмата, репрезентацијата ќе се подготвува во Србија до 30 декември, а подготовките ќе ги продолжи по новогодишните празници.

Избраниците на Лазаров генералниот тест ќе го имаат на 8 јануари против Хрватска.

Македонија својот воведен натпревар на Светското првенство ќе го игра против Унгарија на 15 јануари, по што следуваат дуелите против Холандија и Гвинеја.

Светското првенство ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка, а македонските ракометари натпреварите во рамки на групата Д ќе ги игра во Вараждин. ег

ФОТО: МИА

 

Остани поврзан