• среда, 13 ноември 2024

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за дуелите со Романија

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за дуелите со Романија

 

Скопје, 11 март 2024 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во Скопје ги почнува мини подготовките за двата дуели против Романија на гостински терен во рамки на ЕХФ неделата.

Селекторот Кирил Лазаров за двомечот проитв Романија нема да може да смета на услугите на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, а неизвесен е настапот на Милан Лазаревски.

Натпреварите против Романија се на програмата на 15 и 16 март во Браила.

Македонските ракометари со пресметките проитв романската селекција воедно ги стартуваат завршните подготовки за мајскиот бараж против Фарските острови за пласман на Мундијалот 2025. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан