• среда, 25 декември 2024

Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови

Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови

 

Торшавн, 8 мај 2024 (МИА) – Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство во 2025.

Дуелот е закажан со почеток во 20 часот по македонско време во салата Холин а Халси во која избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчера го одржаа официјалниот тренинг.

Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Домаќини на Светското првенство, 29 по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан