• сабота, 27 јули 2024

Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна

Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна

Струмица, 18 мај 2024 (МИА) - Македонската одбојкарска репрезентација синоќа во Струмица загуби од Естонија со 3:1 во првото коло на Европската златна лига. 

Македонците го добија само вториот сет со 25:14, а гостите првиот со 25:23, третиот со 25:19 и четвртиот со 25:22.

Резултати на другите натпревари одиграни вчера:
Романија – Азербејџан 3:0
Хрватска – Финска 3:1
Луксембург – Португалија 0:3.

Следниот натпревар македонската репрезентација ќе го има утре, со Чешка, исто така во салата „Парк“ во Струмица. зс/

Фото: ОФМ

Остани поврзан