• сабота, 23 ноември 2024

Македонските одбојкари го совладаа Египет за прва победа на „Чајка 2023“

Македонските одбојкари го совладаа Египет за прва победа на „Чајка 2023“

Скопје, 19 август 2023 (МИА) - Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа првата победа на 47. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, откако вечерва во пет сета го совлада Египет.

 

На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ којшто траеше повеќе од два и пол часа, Македонците го добија првиот сет со 25:22, во вториот со идентичен резултат возврати Египет. И третиот сет им припадна на гостите од Африка (25:21), а потоа „црвено-жолтите“ беа поуспешни со 25:23 и 16:14.

 

Капитенот Никола Ѓорѓиев со 30 и Александар Љафтов со 23 поени беа најефикасни во победничката репрезентација. За одбележување е играта на Славе Наков кој имаше три клучни блока во моментите кога се решаваше победникот.

 

Утревечер македонските одбојкари ќе се сретнат со Грција во последното коло од меморијалниот турнир. зс/

Остани поврзан