• среда, 18 декември 2024

Македонските одбојкари ги почнаа подготовките за Европското првенство

Македонските одбојкари ги почнаа подготовките за Европското првенство

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) – Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ги почна подготовките за Европското првенство на кое од крајот на август ќе бидат домаќини на натпреварите од групата Ц против Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска.

Селекторот Јошко Миленковски на подготовките повика 19 одбојкари кои ќе одиграат 11 контролни натпревари до почетокот на Европското првенство, чиј кодомаќини од 28 август до 16 септември ќе бидат и Италија, Бугарија и Израел.

Првите контролни натпревари ќе бидат одиграни против Романија од четврти до шести август во салата „Јане Сандански“ во Скопје, по што националниот тим ќе се пресели во Кавадарци каде ќе одигра пријателски натпревари против Израел и Јапонија.

Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) од 18 до 20 август во Скопје ќе биде домаќин на традиционалниот меморијален турнир „Чајка“ на кој покрај македонската ќе настапат и селекциите на Јапонија, Грција и Египет.

Настапот на Европското првенство во групната фаза во Скопје избраниците на Миленковски ќе го почнат против Данска на 30 август. ег/дма/

Фото: ОФМ

Остани поврзан