• среда, 25 декември 2024

Македонските одбојкари ги дознаа термините за квалификации за ЕП 2021

Македонските одбојкари ги дознаа термините за квалификации за ЕП 2021
Скопје, 31 октомври 2020 (МИА) - Македонската одбојкарска репрезентација го доби точниот распоред во квалификациите за Европското првенство 2021. Распоред за двата турнира во Ц-групата: Прв турнир, домаќин Данска: 8 јануари: Босна и Херцеговина – Турција (16 часот) Данска – Македонија (19 часот) 9 јануари: Турција – Македонија (16 часот) Босна и Херцеговина – Данска (19 часот) 10 јануари: Македонија – Босна и Херцеговина (16 часот) Турција – Данска (19 часот). Втор турнир, домаќин Македонија: 15 јануари: Данска – Турција (17.30 часот) Македонија – Босна и Херцеговина (20.30 часот) 16 јануари: Турција – Босна и Херцеговина (17.30 часот) Македонија – Данска (20.30 часот) 17 јануари: Босна и Херцеговина – Данска (17.30 часот) Македонија – Турција (20.30 часот). На Европското првенство 2021 ќе учествуваат 24 репрезентации. Покрај коорганизаторите Полска, Чешка, Естонија и Финска, директен пласман обезбедија и осум селекции според резултатите од претходниот шампионат во 2019: Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија, како и репрезентацијата на Летонија која го освои првото место во квалификациската група „Д“. зс/

Остани поврзан