• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо влезници можат да купуваат до вторник

Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо влезници можат да купуваат до вторник
Скопје, 20 март 2022 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската репрезентација кои сакаат да ја бодрат на натпреварот на 24 март против Италија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 за купување билети од денеска повторно е отворен. Навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12 часот. Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници. Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите, а билетот го добиваат во електронска форма. зс/

Остани поврзан