• среда, 25 декември 2024

Македонските кошаркарски кадети поразени од Словенија на ЕП во Скопје

Македонските кошаркарски кадети поразени од Словенија на ЕП во Скопје

Скопје, 9 август 2023 (МИА) – Македонската кадетска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на Европското првенство во А дивизијата, кое се одржува во Скопје, откако вечерва загуби во осминафиналето од Словенија со 100-65.

Избраниците на селекторот Александар Јованчев немаа решение за словенечкиот напад и одбрана на осминафиналниот дуел во СРЦ „Кале“ што резултираше противникот да постигне дури 56 поени во првите две четвртини и да замине на пауза со предност од 28 поени.

Македонските кошаркари анулираа дел од негативата во третата четвртина која ја решија во своја корист со 22-15, но немаа сили за целосен резултатски пресврт.

Настапот на ЕП во А дивизијата македонската репрезентација ќе го продолжи во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место во обид да ги избегне последните три позиции кои носат преселба во пониската Б дивизија.

Словенија за противник во четвртфиналето ќе го има победникот од дуелот меѓу Шпанија и Летонија.ег/бт/

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан