• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград

Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград

Белград, 6 февруари 2025 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва во Белград загуби од Србија со 105:60.

Ова беше првиот натпревар од последниот квалификациски прозорец во рамки на групата „Г“.

Најефикасна во македонскиот национален тим беше капитенот Митрашиновиќ со 17 поени, Стојановска постигна 16.

По три дена, Македонија ќе игра во Рига против Украина (9 февруари).

Србија е лидер во поредокот со максимални пет победи и обезбеден пласман на Европското првенство. Португалија е втора со три победи и еден пораз, Украина има една победа и три порази, Македонија е последна со пет порази. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан