Македонските кошаркари се адаптираат на теренот во Сарагоса
- Македонската кошаркарска репрезентација, предводена од селекторот Драган Бајиќ и неговите асистенти се наоѓаат во Сарагоса каде утре ќе одиграа натпревар со Шпанија.
![Македонските кошаркари се адаптираат на теренот во Сарагоса](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113170409_big_730x400_88.webp )
Сарагоса, 30 јуни 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација, предводена од селекторот Драган Бајиќ и неговите асистенти се наоѓаат во Сарагоса каде утре ќе одиграа натпревар со Шпанија.
„Црвено-жолтите“ го одработија првиот од трите предвидени тренинзи во салата „Павиљон Принц Фелипе“.
Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 19:30 часот. Домаќинот е апсолутен фаворит, но од таборот на македонскиот национален тим порачуваат дека нема предавање.
Ова е дуел од 5.коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023. зс/
![мкд кошарка](/articles/images/%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%/loXidi67t/placeholder.webp?use_watermark=0)