• среда, 25 декември 2024

Македонските кошаркари пристигнаа во Перм на завршните евроквалификации

Македонските кошаркари пристигнаа во Перм на завршните евроквалификации
Перм, 15 февруари 2021 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва, по седумчасовен лет со попатно застанување во градот Чеперовец, пристигна на крајната дестинација во Русија за завршните евроквалификациски натпревари во Перм. Избраниците на селекторот Александар Тодоров ги очекуваат четири натпревари во периодот од 18 до 22 февруари, а прв противник ќе им биде Италија, в четврток од 15:30 часот. Во петок, македонските кошаркари ќе играат Русија во истиот термин, по што на 21 февруари ги очекува вториот натпревар против Италија (13 часот) и завршната пресметка против директниот конкурент Естонија, на 22 февруари од 15 часот. Италија, која заедно со Германија, Чешка и Грузија, е коорганизатор на Европското кошаркарско првенство во 2022 година, е првопласирана во групата Б со максимални три победи, Русија е второпласирана со две победи и два порази, Естонија е трета на табелата со една победа и два порази, а македонската репрезентација има два порази од исто толку натпревари.ег/фф/

Остани поврзан