• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонските кошаркари од вториот шешир ја чекаат жрепката за мундијалските претквалификации

Македонските кошаркари од вториот шешир ја чекаат жрепката за мундијалските претквалификации


Минхен, 6 март 2025 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација се најде во вториот шешир за извлекувањето на претквалификациските групи за СП 2027 година кое е закажано за 14 март.
Заедно со Македонија во вториот шешир се и репрезентациите на се Холандија, Данска и Словачка.
Потенцијални противници на македонската репрезентација од првиот шешир се Хрватска, Украина, Унгарија и Бугарија, а од третиот Швајцарија, Романија, Австрија и Норвешка.
Репрезентациите ќе бидат распределени во четири групи, а двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во европските квалификации. Тие ќе им се приклучат на репрезентациите (24) кои ќе учествуваат на овогодишниот Евробаскет.
Секоја екипа ќе одигра по четири натпревари, два дома и два на гости, а претквалификациските дуели се закажани од 2 до 13 август годинава. ег
ФОТО: КФСМ

Остани поврзан