• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонските кошаркари загубија од Словачка, но како првопласирани ги завршија Мундијалските претквалификации

Македонските кошаркари загубија од Словачка, но како првопласирани ги завршија Мундијалските претквалификации
Скопје, 18 август 2021 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Словачка со 88:72 во последното коло од претквалификациите за Светското првенство 2023 одиграни во СЦ „Јане Сандански“. Благодарение на подобрата кош-разлика од своите ривали, избраниците на селекторот Драган Бајиќ „балонот“ во Скопје го завршија на првото место со биланс две победи и два пораза. Словачка со оваа убедлива победа го освои второто место и исто така обезбеди учество во квалификациите, додека Швајцарија не помина во следната фаза, бидејќи заврши на последното (трето) место. Пласман во квалификациите од другите групи обезбедија: Португалија, Шведска, Летонија, Белорусија, Црна Гора и Исланд. зс/

Остани поврзан