• среда, 25 декември 2024

Македонските кошаркари го одработија првиот тренинг во Перм, стручниот штаб засилен со Никола Василев

Македонските кошаркари го одработија првиот тренинг во Перм, стручниот штаб  засилен со Никола Василев
Перм, 16 февруари 2021 (МИА) - По одморот од долгото патување, македонската кошаркарска репрезентација утрово го одработи првиот тренинг во Перм. Во салата каде ќе се игра квалификацискиот турнир, арената „Mолот“, селекторот Александар Тодоров ги имаше на располагање сите 15 играчи на кои смета за четирите натпревари (два со Италија, по еден со Естонија и Русија). За прв пат од почетокот на подготовките, заедно со другиот дел од тимот тренираа и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски. - „Засилување“ има и во стручниот штаб. На тренинг е и Никола Василев, кој поради професионалните обврски со својот клуб во Литванија се приклучува од денеска во работата со националниот тим, соопшти КФСМ. „Црвено-жолтите“ вечер ќе одработат уште еден тренинг во пресрет на првиот меч со Италија закажан за 18 февруари. зс/

Остани поврзан