• сабота, 23 ноември 2024

Македонските кикбоксери освоија 68 медали на Балканското првенство

Македонските кикбоксери освоија 68 медали на Балканското првенство
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - Македонската репрезентација во кикбокс освои 68 медали од кои шест златни, 21 сребрени и 41 бронзен во конкуренција на 200 натпреварувачи од шест држави. Злато на нашата земја и донесоа: Миа Тодорова, Силвио Мировски, Димитар Ѓоргиев, Славе Делиовски, Олгица Орешкова и Максим Митровски. Балканијадата се одржа изминатиот викенд во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на Кикбокс и Маитаи федерацијата на Македонија. зс/

Остани поврзан