• вторник, 19 ноември 2024

Македонските кадети ја совладаа Данска на ЕП во кошарка

Македонските кадети ја совладаа Данска на ЕП во кошарка

 

Скопје, 15 август 2024 (МИА) – Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја совлада вечерва Данска со 70-67 (29-27) и со победа го почна разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје.

Македонските кошаркари влегов во четвртата четвртина со предност од највисоки плус 16, но Данска постепено ја намалуваше негатива и го донесе натпреварот во неизвесна завршница.

Сепак, избраниците на селекторот Александар Јованчев успеаја да ја сочуваат предноста и ја запишаа четвртата победа во петтиот натпревар на ЕП.

Најефикасни во македонските редови беа Цветковски со 15 и Сребров со 14 поени, додека Терзиевски и Данев постигнаа по 12 кошеви.

Следен противник на македонската репрезентација ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд. ег ФОТО: КФСМ

Остани поврзан