• среда, 25 декември 2024

Македонските здруженија од соседните држави побараа поголемо грижа од родната земја

Македонските здруженија од соседните држави побараа поголемо грижа од родната земја

Штип, 8 септември 2023 (МИА) - Нови тужби се испратени во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, од страна на македонското здружение ОМО „Илинден“, информира Кирил Иванов, кој денеска во Штип присуствуваше на одбележување на Денот на независноста и 75-годишната од крајот на граѓанската војна во Грција.

 -Кога ќе ги разгледуваат, по четири, пет или шест години, не знаеме. Тужбите се дека сакаме да регистрираме наше македонско здружение, како што се ОМО-Илинден и други. Од Стразбур кажуваат дека ние сме во право и наложуваат на Бугарите да не признаат. Но, Бугарија не нè признава и така се вртиме во круг, вели Иванов.

Тој посочува дека судот во Стразбур едноставно не може да и наложи на Бугарија да направи регистрација на македонските здруженија и да вршат македонска културна дејност. Иванов вели дека и македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ кој се отвори лани во Благоевград е преместен на друга локација. Тој забележа дека родната држава воопшто не мисли на Македонците во Бугарија. Прашан што државата треба да направи за нив, Иванов со одговор дека едноставно нашата држава не се потсетува дека има свое малцинство во Бугарија.

- Не сме слушнале да кажат дека има Македонци во Пиринска Македонија и во Бугарија. Тоа не сме го слушнале од државниот врв, вели Иванов.

Архимандритот Никодим Царкањас, смета дека секоја грчка Влада покажува антимакедонизам и затоа како што вели тој треба да сме единствени, а младите да ја учаат вистинската и македонска историја.

-Ние сме Македонци, ние не сме ниту славомакедонци, ни Бугари, ни Срби, оти денеска во Македонија многу се зборува за бугарштината. Тоа е катастрофа и да не заборавиме, што кажа Крсте Петков Мисирков, оти ние сме Македонци, ни Бугари, ни Срби, ни Грци. Тоа да не го заборавиме, вели Царкањас.

Македонските здруженија и Македонците кои живеат во соседните држави на Денот на независноста побараа поголемо внимание од својата родна држава. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан