Македонските вина се причина да станам вински презентер, вели словенецот Дејан Лепушек за МИА
- Македонските вина се причина да станам вински презентер, вели гордо Словенецот Дејан Лепушек за МИА, кој веќе неколку години е промотор на нашите вина во светот. Овие два дена е во Винскиот музеј во Кавадарци како презентер на работилница за развој на винскиот туризам и се обрати пред претставниците на македонските фамилијарни винарници. Настанот е во организација на Wine Berry и Здружението на македонските семејни винарници, здружение со седиште во овој град.
Кавадарци, 23 јануари 2026 (МИА) - Македонските вина се причина да станам вински презентер, вели гордо Словенецот Дејан Лепушек за МИА, кој веќе неколку години е промотор на нашите вина во светот. Овие два дена е во Винскиот музеј во Кавадарци како презентер на работилница за развој на винскиот туризам и се обрати пред претставниците на македонските фамилијарни винарници. Настанот е во организација на Wine Berry и Здружението на македонските семејни винарници, здружение со седиште во овој град.
- Виновник се токму македонските вина. Доаѓам од областа на металургијата, со години се занимавав со мојата металуршка професија. Бев менаџер во компанија. Во Словенија тогаш баш и не пиев вино. Не бев ни пробал, не знаев да купам, да изберам. Кога пред пет години доаѓав на службени патувања баш во Македонија, се воодушевив, не можев да верувам дека постојат такви вина. Мојата сомелиерска работа почна тука, со вашите вина презентирајќи за почеток три македонски винарници во Словенија - откри тој.
Притоа сподели дека ја напуштил својата поранешна професија и веќе пет години се занимава со презентација на вина. Основно македонски, но и од други винарници од светот.
- Баш многу ги промовираме македонските вина бидејќи овие ваши македонски вина ми се во срцето. А кога луѓето ќе го почувствуваат тоа, не е тешко да се продаваат овие ваши македонски вина. Луѓето кога пробуваат, се уверуваат во моите зборови и ги купуваат вашите вина. Постепено ја проширив работата и со други вински региони презентирајќи мали семејни винарници. Промовирам автохтони сорти вино, правам презентации. Многу сум емотивен и посебно поврзан кон вината од македонските семејни винарници - емотивно кажа тој.
Притоа порача да се дегустира со мерка, а кога е така, виното е лек.
Овој човек на возраст од 50 години истакна дека туристите многу често не се интересираат за сортите вино што ги има во целиот свет и кои може да ги пијат каде и да одат.
- Напротив, туристите се интересираат за автохтоните сорти грозје, како македонската автохтона сорта „станушина“, што се одгледува само на овој простор, таа е вашата македонска винска ДНК - истакна тој.
Оваа македонска автохтона сорта грозје во најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот, ја нарекуваат македонско девојче, македонска винска принцеза и македонски бисер. свд/вј/
Фото: МИА