• сабота, 28 декември 2024

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Велес,18 мај 2023 (МИА) - Како почетен дел од 8-миот Сомборски стрип фестивал од понеделникот во Сомбор, Србија отворена е изложба на која се претставени повеќе македонски стрип автори информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, селектор кој ја подготви изложбата Наместо првично планираното, заради актуелната ситуација во Р. Србија изложбата е отворена за посетители во детското одделение на градската библиотека „Карло Бијелицки“ во Сомбор.

Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. Доминираат стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас,

Изложените стрипови се дела на цртачите: Ангела Петрушевска –Скопје  , Дамјан Шокев  -Скопје ,Дарко Богданов-Виница, Ѓургица Варела-Гевгелија , Илко Стојановски –Велес,Јана Бутеска –Скопје ,Лазар Ангелков-Велес, Максим Ристески-Скопје, ,Методија Стојановски-Куманово,Оливер Цветковски –Велес, Славица Купенкова-Скопје, Тоде Блажевски –Скопје и Цанко Стефанов од Скопје.

Како сценаристи на некои од делата беа застапени: Александар Стеванов од Штип, Ване Трајков од Велес, како и Александра Ристески, Војдан Андонов, Ѓоре Гелев (сите  од Скопје).

Трајков информира дека организирањето на гостувањето во Сомбор вклучено и оваа изложба е неколку годишна заложба којашто конечно се реализира. Истото претставува збогатување на досегашната соработка којашто се изведуваше преку учества на стрип конкурси и меѓусебно информирање за други стрип настани во регионот и пошироко.

Избрани се стрипови од разни генерации, пријавени преку јавен повик и обезбедени авторски права. 

Воедно изложбата на избрани македонски стрип автори претставува воведен дел на 8-миот Сомборски мегународен салон на стрип и фантастика кој ќе се одржи претстојниот викенд во Сомбор Србија. ад/сх/

Остани поврзан