• среда, 25 декември 2024

Македонскиот полициски синдикат потпиша Меморандум за соработка со воениот синдикат „Железен полк“ од Србија

Македонскиот полициски синдикат потпиша Меморандум за соработка со воениот синдикат „Железен полк“ од Србија
Скопје, 22 јануари 2022 (МИА) – Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, д-р Марјан Кицев потпиша Меморандум за меѓусебна соработка со претседателот на воениот синдикат „Железен полк“ од Србија, Љубиша Милошевиќ, информираат од Македонскиот полициски синдикат. - Меморандумот предвидува активности на двете синдикални организации во двете држави на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од интерес на своето членство, како и давање на секаков вид на меѓусебна помош и поддршка во случаите кога ќе имаат проблеми поради своите синдикални идеи, активности и планови, се вели во соопштението. Од Синдикатот додаваат дека оваа соработка носи огромни очекувања, поради заедничките проблематики на двата синдикати. ки/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан