• вторник, 24 декември 2024

Македонскиот борач Нуров по голем пресврт освои злато на Медитаранските игри во Алжир

Македонскиот борач Нуров по голем пресврт освои злато на Медитаранските игри во Алжир
Оран, 28 јуни 2022 (МИА) – Македонскиот борач Магомегаџи Нуров го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вечерва по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со 4:3. Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот медал. Неколку часа претходно, бронзен медал освои и македонскиот борач Владимир Егоров. зс/

Остани поврзан