• среда, 13 ноември 2024

Македонска црковно-државна делегација се поклони на гробот на свети Кирил

Македонска црковно-државна делегација се поклони на гробот на свети Кирил
Скопје, 24 мај 2021 (МИА) - Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Делегацијата, во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова, присуствуваше на молебенот на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“. Чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква- Охридска архиепископија. Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на сите македонски граѓани им го честита големиот празник, 24 Мај, со кој, како што се наведува, се слави епохалното рамноапостолно дело на словенските браќа. мд/ац/

Остани поврзан