• среда, 18 декември 2024

Македонска делегација во Букурешт на настан за грижа за рак

Македонска делегација во Букурешт на настан за грижа за рак

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Во Букурешт во организација на Сенатот и Владата на Романија, денеска се одржа настан посветен на грижата за ракот, а учествуваа претставници од Европската Унија и од повеќе европски земји, како и делегација од нашата држава, информираат попладнево од Фондот за здравствено осигурување.

- Дијалогот беше фокусиран на подобрување на европската соработка во борбата против ракот, заеднички предизвици и оптимизација на достапните ресурси и експертиза. Беше потпишана заедничка декларација. На маргините остварени се повеќе билатерални средби, вклучувајќи и со Оливер Блек, раководител на Рош за Европа - југ, појаснуваат од Фондот.

Македонската делегација ја сочинувале Игор Г. Николов - советник на премиерот за реформи во здравство, Соња Генадиева Ставриќ - директорка на Клиниката за хематологија, Игор Стојковски - директор на Клиниката за радиологија и онкологија, Александра Ивановска - Рош Македонија и Сашо Клековски - генерален директор на Фондот за здравствено осигурување. бд/аа/

Фото: Фонд за здравствено осигурување

Остани поврзан