• сабота, 23 ноември 2024

Македонска владина делегација на средба со министерот за надоврешна и внатрешна трговија Момировиќ

Македонска владина делегација на средба со министерот за надоврешна и внатрешна трговија Момировиќ

Белград, 4 септември 2024 (МИА) - Зголемувањето на трговската соработка и можноста за унапредување на условите на пазарите меѓу Македонија и Србија беше една од темите на средбата меѓу владината делегација во чии состав присуствуваа заменик претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со министерот за внатрешна и надоврешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

-Економската соработка меѓу двете земји е на високо ниво, иницијативите во рамките на Отворен Балкан ја продлабочуваат соработката и во такви услови постои можност преку нови мерки и активности таа соработка да биде интензивирана, беше заклучокот на средбата меѓу двете страни, се навдува во соопштението по средбтата во Белград.

На средбата со министерот Момировиќ, прeтставниците на владината делгација истакаа дека Македонија има огромно влијание врз регионалниот развој и политиките на Владата и во наредниот период ќе бидат фоксуирани во насока на зајакнување на регионалните пазари, олеснување на трговијата и транспортот како и интеграција на земјите од регионот на европскиот пазар.

Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека покрај економскиот развој, за Владата примарен фокус е регионалното поврзување преку модерна и квалитетна инфраструктура, потенцирајќи ја заложбата на Владата и Министерството за транспорт за изградба на брза пруга на Коридор 10, како предуслов за брз и непречен транспорт на добра кон Централна и Западна Европа.

-И двете страни се согласија дека Македонија и Србија се пример за регионална соработка и потенцираа овој пример треба да го следат и останатите земји се со цел создавање на заеднички пазар по теркот на единствениот пазар на Европската Унија, соопштено е по средбата. об/аа/

Фото: Министерство за транспорт

 

Остани поврзан