• среда, 25 декември 2024

Македонска берза и УСАИД работат на развој на секундарниот пазар на хартии од вредност

Македонска берза и УСАИД работат на развој на секундарниот пазар на хартии од вредност

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) -  Законските измени со кои се олеснува постапката на транформација на друштвата со ограничена одговорност во акционерски друштва, постапката за првично издавање на хартии од вредност и воведувањето на нов т.н. Растечки пазар (Growth Market) се претставени на работилница во Македонска берза, со учество на финансиски консултанти кои се дел од Платформата за пристап до финансии 3.0 на Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст.

Канцеларијата на УСАИД денеска соопшти дека оваа иницијатива има за цел, во соработка со консултантите, да ги запознае компаниите, главно мали и средни претпријатија подетално со процесот на првично издавање на хартии од вредност и да ги поттикне и охрабри компаниите кои имаат потенцијал да се трансформираат во акционерски друштва.

Покрај самиот процес на отварање на компанијата, објаснети се предностите од котација на берза и презентирани успешни приказни на компании кои направиле иницијална јавна понуда на пазарот на капитал.

Работилницата е дел од соработката на Македонската берза и Активноста на УСАИД во насока на зголемување на финансиската способност, продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор,  истовремено земајќи ги предвид и факторите што влијаат врз животната средина и општественото опкружување при донесување на корпоративни одлуки.лв/са/

фото: Канцеларија на УСАИД

Остани поврзан