• вторник, 24 март 2026

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора
Гибралтар, 2 ноември 2021 (МИА) – Македонската репрезентација составена од футсалци до 19 години, вечерва загуби од соодветната селекција на Црна Гора со 2:0. Натпреварот беше прв за „црвено-жолтите“ на квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман во Елитната фаза квалификации за Европско првенство. Стрелци на погодоците за беа Тафиќ во 24. минута и Љешковиќ во 35. минута. Македонците на овој дуел имаа 24 обиди, девет од нив завршија во рамките на голот, додека противникот имаше двојно повеќе обиди. Утре македонскиот национален тим ќе игра со домаќинот на турнирот, селекцијата на Гибралтар кој вчера загуби од Црна Гора со 6:3. зс/

Остани поврзан