Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
- Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, објавена денеска.
Цирих, 19 јануари 2026 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска.
Македонската репрезентација остана на истата позиција како и на претходното рангирање со идентичен број на бодови - 1378.57.
Шпанија е сè уште на врвот, пред Аргентина и Франција.
Топ 10 ранкинг на ФИФА:
1 Шпанија 1877,18
2 Аргентина 1873,33
3 Франција 1870,00
4 Англија 1834,12
5 Бразил 1760,46
6 Португалија 1760,38
7 Холандија 1756,27
8 Мароко 1736,57
9 Белгија 1730,71
10 Германија 1724,15. ег
ФОТО: ФФМ