• четврток, 26 декември 2024

Македонската фудбалска репрезентација води со 1:0 по првото полувреме со Англија

Македонската фудбалска репрезентација води со 1:0 по првото полувреме со Англија

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) – Со голот на Енис Барди во 41. минута, македонската фудбалска репрезентација на полувреме има предност против Англија со 1:0.

Барди погоди по изведениот пенал досуден по интервенција на ВАР. При една нафрлена топка, Рико Луис го удри Бојан Миовски, па судијата покажа на белата точка, откако ја прегледа видеоснимката.

Натпреварот се игра во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ и е од последното коло во квалификациите за Европското првенство Ц-група.

Англичаните важат за големи фаворити и во овој квалификациски циклус досега имаат шест победи и само еден нерешен резултат.

Натпреварот го следат околу 27 илјади гледачи, од нив 2-2,5 илјади Англичани. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан