• среда, 25 декември 2024

Македонската фирма Сајтрокс АД на американската „црна листа“ поради развивање шпионски софтвер

Македонската фирма Сајтрокс АД на американската „црна листа“ поради развивање шпионски софтвер

Вашингтон, 18 јули 2023 (МИА) - Владата на САД додаде четири странски комерцијални шпионски ентитети на листата за трговски рестрикции заради ангажирање во активности спротивни на националната безбедност или надворешнополитичките интереси на САД, меѓу кои фирмата Сајтрокс АД од Северна Македонија.

Другите фирми се Интелекса С.А. од Грција, Интелекса Лимитед од Ирска и Сајтрокс Холдингс Црт од Унгарија, соопшти Стејт департментот.

Овие компании биле додадени на листата на ентитети врз основа на утврдување дека се занимаваат со трговија со сајберексплоатации за да добијат пристап до информациски системи, доведувајќи ја во ризик приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот, пренесува Гласот на Америка.

- Пролиферацијата на комерцијален шпионски софтвер носи посебни и растечки контраразузнавачки и безбедносни ризици за САД, вклучително и за безбедноста на персоналот на американската влада и нивните семејства, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Во него се додава дека „злоупотребата на овие алатки на глобално ниво, исто така, ја олеснува репресијата и овозможува кршење на човековите права, вклучително и заплашување на политичките противници и ограничување на несогласувањето, ограничување на слободата на изразување и следење и таргетирање на активисти и новинари“.

Стејт департментот посочи дека денешната акција е дел од напорите да се спротивстави на ризиците од комерцијалниот шпионски софтвер.

Додавањето на овие ентитети се надоврзува на минатите списоци на американската влада на комерцијални компании за шпионски софтвер.

- Заедно, овие активности ја демонстрираат континуираната посветеност и лидерството на САД во борбата против злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер и друга технологија за надзор, се наведува во соопштението.са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан