• понеделник, 14 октомври 2024

Македонската федерација во традиционално карате му оддаде последна почит на Шихан Хироши Шираи

Македонската федерација во традиционално карате му оддаде последна почит на Шихан Хироши Шираи

 

Милано, 12 октомври 2024 (МИА) – Раководителите на Македонската федерација во традиционално карате (МТКФ), Дејан и Венцислав Недев денеска во италијанскиот град Милано му оддадоа последна почит на својот јапонски учител, легендарниот каратист Шихан Хироши Шираи 10 дан, кој почина во средата на 87 годишна возраст.

Еден од најпознатите и најпризнатите карате мајстори во светот кој целиот свој живот го посвети на каратето, Шихан Хироши Шираи беше најзаслужен за развојот на шотокан карате стилот низ целиот свет. Тој беше ученик на легендарниот Сенсеи Хидетака Нишијама и основач на Меѓународната федерација во традиционално карате (ИТКФ), а долги години и претседател на техничката комисија на ИТКФ.

Шихан Хироши Шираи во два наврати престојуваше во Македонија на покана на Венцислав и Дејан Недев и одржа семинири во Скопје во 1996 и 2014 година, а беше и специјален гостин на прославата по повод 50 години карате во Македонија.

Владата на Македонија во 2014 година го одликуваше Шихан Хироши Шираи со специјално признание за развој на каратето во Македонија. ег Ф

ОТО: МТКФ

Остани поврзан