• среда, 25 декември 2024

Македонската репрезентација со пораз од Холандија го заврши ЕВРО 2020

Македонската репрезентација со пораз од Холандија го заврши ЕВРО 2020
Амстердам, 21 јуни 2020 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација загуби од Холандија со 3:0 во својот последен настап на 16. Европско првенство. Стрелци на головите беа Мемфис Депај во 24. минута и Џорџињо Вајналдум (51. и 58. минута). Избраниците на селекторот Игор Ангеловски не успеаја да освојат ниту еден бод на трите средби во Ц-групата, но прикажаа добри игри и можеби со малку повеќе среќа ќе беа поуспешни. Денешниот натпревар беше последен за Горан Пандев, капитенот на генерацијата која го постигна најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал. „Гранде Пандев“ дводецениската репрезентативната кариера ја заврши со 122 настапа и 38 погодоци. Мечот со Холанѓаните можеби е последен и за Ангеловски на селекторската функција, бидејќи неговиот договор со Фудбалската федерација на Македонија завршува на крајот на месецот. На вториот меч во 3. коло од оваа група Австрија ја победи Украина со 1:0. Во осминафиналето се пласираа Холандија како првопласирана со 9 бодови и Австрија од второто место со 6 бода. Украина ќе го чека исходот од другите групи во надеж дека ќе биде во најдобрите четири третопласирани селекции. зс/

Остани поврзан