• сабота, 23 ноември 2024

Македонската репрезентација до 21 година утре ги дознава ривалите за квалификациите за ЕУРО2025

Македонската репрезентација до 21 година утре ги дознава ривалите за квалификациите за ЕУРО2025

Нион, 1 февруари 2023 (МИА)  Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Словачка.

Жрепката е закажана со почеток во 9 часот во седиштето на УЕФА во Нион.

Македонските фудбалери ја очекуваат жрепката од третиот „шешир“ заедно со селекциите на БиХ; Бугарија, Унгарија, Турција, Велс, Белорусија, Северна Ирска и Албанија.

Формирани ќе бидат седум групи со по шест и две со по пет репрезентации.

Пласман на ЕУРО2025 ќе обезбедат деветте првопласирани репрезентации, како и трите најдобро второпласирани. Преостанатите шест второпласирани репрезентации ќе играат во плејоф за уште три места на завршниот турнир.

Квалификациите ќе почнат во март година, а ќе финишираат во октомври идната година. ег/дма/

Остани поврзан