• среда, 18 декември 2024

Македонската репрезентација ги дозна ривалите во квалификациите за eEURO2021

Македонската репрезентација ги дозна ривалите во квалификациите за eEURO2021
Нион, 8 февруари 2021 (МИА) – Македонската репрезентација ќе игра против Шпанија, Финска, Украина и Естонија во квалификациите за пласман на eEURO2021, одлучено е вечерва со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Македонски претставници во квалификациите се Давид Гаревски и Ташко Илиев, кои беа најуспешни на квалификацискиот турнир одржан минатиот месец во организација на Фудбалската федерација на Македонија и македонската Еспорт федерација. Квалификациите ќе се играат од 15 март до 26 април, а директен пласман на завршниот турнир што во првата половина на јули ќе се одржи во Лондон ќе обезбедат првопласираните во десетте квалификациски групи. Второпласираните во групите ќе играат плеј-оф за преостанатите шест места на eEURO 2021. Наградниот фонд на завршниот турнир изнесува 100.000 евра, а победникот ќе добие 40.000 евра. ег/ир

Остани поврзан