• сабота, 27 јули 2024

Македонската репрезентација ги дозна противниците во Купот на УЕФА региони

Македонската репрезентација ги дозна противниците во Купот на УЕФА региони

Нион, 7 декември 2023 (МИА) – Македонската аматерска фудбалска репрезентација денеска со жрепка во Нион ги дозна противниците во квалификациите на Купот на региони на УЕФА за следната сезона.

Жрепката одлучи македонската репрезентација да игра во групата 3 во која се и селекциите на Србија, Словачка и Велс.

Осумте квалификациски групи треба да бидат комплетирани до 6 декември, идната година, а првопласираните селекции ќе обезбедат пласман на завршниот турнир чиј термин и домаќин дополнително ќе бидат познати.

Титулата во аматерското клупско натпреварување во организација на УЕФА ја брани шпанска Галија, која во финалето на 12. издание беше поуспешна од Белград. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан