• недела, 24 ноември 2024

Македонската премиера на „М“ на Вардан Тозија вечер го отвора 22. Фестифал на европски филм - Синедејс

Македонската премиера на „М“ на Вардан Тозија вечер го отвора 22. Фестифал на европски филм - Синедејс

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Македонската премира на долгометражниот игран филм на Вардан Тозија - „М“, вечер во паркот на МКЦ во Скопје ќе го отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Во шесте фестивалски денови, од 13 до 18 јули,  под слоганот „Муви најт“ ќе може да се погледнат повеќе од 40 филмски наслови од најновата европска филмска продукција, кратки филмови, ќе присуствуваат над 50 гости, ќе има три музички настани, а ќе се одржат и седум работилници. Новитет оваа година е Жирито на филмската критика, со очекување следната година да биде официјално акредитирано ФИПРЕСЦИ жири. 

Наредниот вторник, на 18 јули фестивалот ќе го затвори премиерата на уште еден македонски филм - „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски.

Маргарита Арсова, програмски координатор на Синедејс, на најваната прес - конференција нагласи дека иако годинава е со исклучително намален буџет, Програмата и на овој CINEDAYS е ремек-дело со филмска програма, која повторно, вели, директно ја увезуваме од Кан, како први од сите фестивали во Европа.  

-Она што е обединувачко за ова издание на фестивалот е компактната програма во која ќе погледнеме наслови на Вим Вендерс, Кен Лоуч, Нани Морети, Аки Каурисмаки, Франсоа Озон, Александар Сокуров... Новиот филм на Горан Столевски, а имаме и пет премиери на македонски кратки филмови. Поради буџетските рестрикции програмата е тесно селектирана на сметка на квантитетот за да извадиме што подобар квалитет, истакна меѓу другото Арсова.

Програмата ќе може да се проследи на две локации - во МКЦ и тоа во Кино Фросина, во МКЦ - паркот и во Џебното кино, како и во Кинотеката со проекции на отворено и на затворено.

На 22-то издание на Синедејс најавени се мастерклас на Митко Панов и прикажување на филмот „Сведок“, како и дополнителни два мастеркласа, на Јуре Матичич, програмски раководител на „Местни кино Домжале“ Словенија и гуруто за презентација и ‘пакување на филмови Габриеле Бруненмајер, која работи како независен консултант за Мидпоинт институтот.

Од работилниците - првата е именувана како „Self-Tape и онлајн-кастинг во дигиталната ера“, а ќе ја држи Луси Ленокс, наградувана кастинг-директорка. Втората работилница е „Основи на филмскиот јазик“, наменета за деца до 15 години, која ќе ја води Саша Станишиќ, дипломиран филмски и тв-режисер.

Во рамки на музичката програма на фестивалот предвидени се концерт на скопскиот бенд Културно-уметнички работници, кој неодамна го издаде својот седми албум, потоа Педро Кастиљо и белградскиот експериментален бенд Визељ.

Билетите за Синедејс ќе бидат по цена од 200 денари, за сите филмови.

Фестивалот е поддржан од Кинотека на Македонија, Публицис, ЕУ за ТЕБЕ, Гете институт, Агенцијата за филм на РСМ и неколку компании. вг/са/

Фото: 22. Синедејс/фб

Остани поврзан