• среда, 18 декември 2024

Македонската платформа против сиромаштија награди седум новинари со „Гласник на невидливите“

Македонската платформа против сиромаштија награди седум новинари со „Гласник на невидливите“

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Седум новинари и новинарки се добитници на овогодинешната награда „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштија.

Годинава добитници на „Гласник на невидливите се Бјанка Станковиќ - „Менструацијата продолжува да биде луксуз во Македонија“, Бојан Стојковски - „Суровиот живот на улица и надежта за втора шанса“, Гоше Николов - „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Најчестите митови и дезинформации за лицата со попреченост“, Мирјана Мирчевска Јовановиќ - „Реaкции по укинувањето на додатокот до 6.000 денари за дел од децата со Даунов синдром“, Михаил Милошевски - „Во „чевлите“ на лицата со попреченост – секојдневна битка да се влезе дома, во автобус, па дури и на доктор“, Тони Ајтовски - „Македонските печалбари во Италија, не можат да го остварат своето право на пензија, по повеќе од две години“ и Теодора Цветковска - „Анекта 010 - Бојан Шашевски“.

МППС оваа награда ја доделува седма година по ред. ар/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан