• сабота, 27 јули 2024

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во полуфиналето на Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во полуфиналето на Европската сребрена лига
Скопје, 12 јуни 2022 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација доби можност да игра во полуфиналето на Европската сребрена лига. „Спартанците“ изборија учество помеѓу четирите најдобри во Сребрената лига, откако попладнево Романија ја победи Албанија со максимални 3:0 (25:18, 25:19 и 25:22). Македонците вчера беа поуспешни од Босна и Херцеговина исто така со максимални 3:0 и го исполнија првиот предуслов за пласман во полуфиналето. По шесте кола во Б-групата, Романија го освои првото место со 14 бода, Македонија е втора со 10, Албанија има исто така 10 на третото место, но со послаб сет-количник. Босна и Херцеговина е последна со два бода. Од А-групата, полуфиналисти се Финска и Унгарија. зс/

Остани поврзан